Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денес оствари работна средба со националниот координатор за креирање и следење на национални стратегии и политики за немнозинските заедници, г. Ерџан Демир.
На средбата се разговараше за повеќе теми со акцент на воспоставување функционална координација, размена на релевантни информации и податоци, како и усогласување на приоритетите и следните чекори во насока на поефикасно планирање и имплементација на јавните политики поврзани со немнозинските заедници. Во таа насока беа разгледани и можностите за понатамошна институционална соработка, вклучително и активностите поврзани со Стратегијата за развој на интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032 со Акциски план, со цел да се обезбеди континуитет и да се потврди силната и недвосмислена определба на Владата на РС Македонија за унапредување на меѓуетничките односи, еднаквоста и општествената поврзаност во државата.
Средбата беше оценета како конструктивна, со изразена подготвеност за редовна комуникација и конкретни чекори. Соговорниците се согласија дека навремената институционална комуникација и меѓусебната соработка се клучни за постигнување одржливи резултати и обезбедување континуитет во процесите од заеднички интерес, во рамки на надлежностите на институциите.