Новоизбраниот министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ ја презеде министерската функција

Новоизбраниот министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ ја презеде министерската функција

Новоизбраниот министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ ја презеде министерската функција во отсуство на својот претходник Артан Груби. – Чест ми е што мојот политички ангажман ќе го продолжам како министер за односи меѓу заедниците и заменик-претседател во Владата, како дел од коалицијата во којашто сум веќе подолг временски период, но и благодарејќи на долгогодишната соработка со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Дадената доверба значи уште поголема заложба и ангажман во интерес на граѓаните, особено затоа што како министер за односи со заедниците ќе работам за рамноправност на сите етнички заедници и подобрување на условите за живот на сите граѓани во нашата земја, вели Стоилковиќ.

Мени за пристапност